Помошничка на секретарот на САД во посета на Србија и БиХ

Од:

Помошничката на американскиот државен секретар за миграција и бегалци, Ен Ричард од денеска до 13-ти јули ќе ги посети Србија и БиХ.

Во текот на посетата на Белград ќе има состаноци со претставници на владата на Србија, невладини хуманитарни организации и со лицата кои живеат во колективни центри, се наведува во соопштението.

Во текот на престојот во Сараево, Ричард ќе учествува на комеморативната свеченост поврзана со„ геноцидот во Сребреница“.

Во Белград таа ќе присуствува на Вториот состанок на Комитетот на донатори за регионалната програма за станбени прашања, чија цел е да обезбеди трајно решение за 74.000 бегалци и раселени лица во БиХ, Србија, Хрватска и Црна Гора.

Елена Георгиевска

 

10:20

Eлена Георгиевска

Индија: Пет лица загинаа при уривање на хотел

Пет лица загинаа, а 15 се повредени при уривање на двокатен хотел на југ на Индија соопшти полицијата од градот Секундерабад.

Полицаецот Б. Сурендер од локалната полициска станица изјави дека околу 25 лица работеле во хотелот „Сити лајт” кога дошло до уривање на еден од зидовите на кујната, при што вработените останале заробени под рушевините, пренесе „Франс прес“.

-Според зборовите на оние кои работеа во близина на хотелот зградата била многу стара, а ѕидовите биле распукнати – изјави Сурендер.

Во Индија последните месеци се урнаа неколку згради, од кои повеќето беа стамбени.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе