Полициски час во Србија – забрането движење од 20 до 5 часот

Од:

Од утре од 10 часот во сите градови во Србија ќе биде забренет излез за сите постари лица од 65 години, а во селските средини излезот ќе биде забранет за лицата постари од 70 години, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ кажа дека „од утре од 20 часот до 05 часот ќе биде забрането движење на улиците во Србија на сите лица, освен органите на власт и оние кои ќе имаат работна обврска.“

-Војската ќе ги преземе сите гранични премини, мигрантски центри, болници и други објекти, изјави Вучиќ, објаснувајќи ги најновите мерки на Србија во борбата против пандемијата на коронавирус.

Целта ни е да за два до три дена да се бидат укинати сите автобуски и железнички линии, бидејќи целта ни е луѓето да останат во своите домови.

Вучиќ кажа дека Србија ќе излезе во пресрет на барањата на соседите и ќе и „излезе во пресрет на барањата на Северна Македонија за извоз на пченка и брашно.“

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски