Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

Од:

Солун, Лариса, Халкидики и Килкис од утре преминуваат во црвената зона и се воведува полициски час од еден часот по полноќ до шест часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, а истите рестрикции се продолжуваат во седум грчки региони, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради влошената епидемиолошка состојба, четирите региони од северна Грција, веќе се во црвената категорија, а рестрикциите стапуваат во сила утре наутро и ќе важат до следниот петок.

Рестриктивните мерки се продолжени и во областа Пиерија во која спаѓаат Катерини, Паралија, Неи Пори, Платамона и сл, во областите Иматија, Пела, Кавала, Касторија и Ксанти, сите во северниот дел на земјата.

Поголемиот дел од Грција е во портокаловата зона, а само неколку региони, повеќето од нив острови, се во зелената категорија.

Би можело да ве интересира

Грците го прекинаа транспортот на руска нафта

Катерина Ѓуровски

Земјотрес ја стресе Грција

Се шири страв од конфликтот: Грчката армија во состојба на готовност

Предраг Петровиќ

Србите шокирани од пораката на мечот во Атина: „Косово е Албанија“

Трагедија во Грција: Ана ја уби машина за мелење месо

Земјотрес во Грција