Полицијата употреби огнено оружје во Косовска Митровица при обид за апсење

Од:

Заменик директор на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани изјави дека денеска имало пукање во близина на Косовска Митровица, кога припадници на полицијата употребиле огнено оружје.

Ељшани за Танјуг потврди дека инцидентот се случил во Сув Дол кај Косовска Митровица кога полицијата се обидела да го запре автомобилот под сомнение дека има наркотици.

„Околу 12.40 часот полицијата се обидела да го запре автомобилот. Во таа прилика возачот го удрил полицаецот кој со автомобилот се обидел да го запре. За да го одбие нападот, полицијата пукала, но нема повредени. Осомничениот го оставил автомобилот на местото на инцидентот од каде побегнал“, рекол Елшани, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека полицијата има сознанија за осомничениот и верува дека се работи за шверц на марихуана. Елшани изјави дека полицијата се уште е на местото на инцидентот каде што врши увид.

Би можело да ве интересира

Шест безживотни тела на виетнамски државјани се пронајдени во хотел во Бангкок

(ВИДЕО) Пукано е во Доналд Трамп на митинг во Пенсилванија

A1on

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Престрелка во Башчаршија, едно лице е рането

Горан Наумовски

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот