И покрај предупредувањата, Вучиќ утре оди во Косово

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ соопшти дека викендов ќе го посети Косово и покрај засилените провокации на линија Белград-Приштина изминативе денови.

– Изминатите неколку дена беа тешки и за нашиот народ на Косово и Метохија и за нас кои ги претставуваме. Се започна со тежок, незабележителен притисок врз пратениците од Српска листа, а потоа и врз раководството на Србија за да се поддржи Фатмир Лимај. Сметавме дека тоа е демократско прашање за кое нашиот народ треба да одлучи. Доволно е да потседам какво досие има Фатмир Лимај. Молчевме. Притисоците беа толку големи што и јас се зачудив, рече Вучиќ за време на неговото обраќање.

– Започнаа да се закануваат со апсења, а синоќа на некоја нивна телевизија видеовме дека не само што го имаат Косово, туку треба уште две Косова да им дадеме за да бидат задоволни. Се обидувам да ја смирам ситуацијата, но денес не можев да преговарам со нивните претставници, додаде Вучиќ.

Тој ја повика меѓународната заедница да го објасни новото запирање на Марко Ѓуриќ на административниот премин Брњак.

– Денес стигна забрана за посета на Газивода и одредени локации во Забин Поток. Нема да го прекинеме дијалогот, ќе продолжиме во иднина, рече Вучиќ.

Тој додаде оти немал намера да провоцира, туку да заговара мир и да се бори за решение на проблемот.

– Сакаме да имаме доверба помеѓу Србите и Албанците, а тоа е процес кој би било катастрофално доколку биде запрен. Не се веќе ни Албанците толку моќно, а и ние секој ден губиме дел од нашите граѓани, рече претседателот и соопшти дека утре ќе оди во Косово и оти очекува се да биде мирно.

– Прво ќе одам на Газивода. Ќе се обратам на нашиот народ, ќе имам бурен и исполнет ден, веројатно до полноќ, а можеби и повеќе, но сакам сите да ја слушнат вистината. Можеби нема да им се допадне, но мое да се борам. Имам и лична обврска бидејќи од Косово и Метохија добив најголема поддршка, за мене гласаа 80 отсто од Србите, рече Вучиќ.

Тој утре и во недела треба да престојува во Косово, но по заканите од Приштина, како и забраната за посета на езерото Газивода, постоеше можност посетата да не се случи.

Би можело да ве интересира

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Стано: Ситуацијата на Косово е прилично нестабилна

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје

Николовски од Белград: Затоплување на политичките односи и подобрување на економската соработка со Србија

Предраг Петровиќ