Подигнато обвинение за воени злостроства против косовскиот амбасадор во Албанија

Од:

Обвинителство на европската мисија Еулекс на Косово, подигнало обвинение против Сулејман Селими, актуелен амбасадор на Косово во Албанија, Фадил Демаку, пратеник во косовскиот парламент од редовите на владеачката Демократска партија, Сами Љуштаку, претседател на општина Скендерај, Штили – бодигард на премиерот Хашим Тачи, Сабит Геци, Сахит Хашаи, Исмет Хаџе и неколку други припадници на „Групата од Дреница“, јави дописникот на МИА.

Порталот „Индексонлајн“ објави дека тие се товарат за тортура, насилство и малтретирање на цивили за време на војната на Косово.

Портпаролот на европската мисија за спроведување на законот на Косово. Еулекс, Блерим Красниќи, изјавил дека нема информации дали е подигнато обвинение и оти прави напори да контактира со некого од специјалното обвинителство.

Минатата недела Индексонлајн јави дека е во тек истрага против амбасадорот Селими, поранешен Командант на Генерал штабот на ОВК, познат под псевдонимот „Султани“(Султан) и шеснаесет негови соборци.

По косовската војна Селими беше Командант на безбедносните сили на Косово. Минатата година, премиерот Хашим Тачи, го наименува за амабсадор на Косово во Албанија.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина