Почнуваат разговори за темелна реконструкција на српската влада

Од:

Разговорите меѓу коалициските партнери за реконструкција на српската влада треба да почнат уште утре, прво меѓу главните партнери во коалицијата – Српската напредна партија (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС), пишува белградскиот весник „Новости“.


Според информации на весникот, СНС ќе инсистира промените да не бидат само козметички и да не се сведат на неколку министри, туку реконструкцијата да биде темелна и да ги опфати и државните секретари, помошници министри, директори на државни претпријатија.


Претседателството на СНС веќе направило анализа на кадровото „проветрување“ на држаните ресори од оваа партија. По договорот меѓу СНС и СПС ќе следат разговори со останатите членки на коалицијата, од кои се очекува да предложат смени во ресорите, за кои одговараат.


Сите партнери во коалицијата ќе можат да дадат предлози за смени и од другите партии.


Лидерите на СНС и СПС Александар Вучиќ и Ивица Дачиќ веќе соопштија дека темата за реконструкцијата на владата сега доаѓа на дневен ред.


Вучиќ изјави дека СНС е подготвена да смени десетина министри и службеници и дека по овој пат ќе треба да тргнат и социјалистите, и партијата Обединети региони на Србија.


Дачиќ одговори дела СПС е подготвена за реконструкцијата и дека сите, без оглед на партиската припадност, можат да останат на функциите само доколку имаат резултати.


Одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори во јануари е историски чекор на владата на Ивица Дачиќ и значително ќе ги олесни натамошните чекори на земјата, изјави претседателот на Извршниот совет на СПС Бранко Ружиќ во интервју за „Новости“.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија