Почнува имунизацијата во Грција, ќе се вакцинираат и Мицотакис и Сакеларопулу

Од:

По пристигнувањето на првата пратка од 9.750 дози на вакцината од Фајзер/БиоНТек, денеска во Грција започнува вакцинацијата на здравствените работници во пет атински болници, а од симболични причини вакцината ќе ја примат и грчкиот премиер и грчката претседателка, како и претставници од Министерството за здравство, од црквата, опозицијата, но и армијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Први ќе се вакцинираат медицинска сестра од Одделот за интензивна нега во атинската болница „Евангелисмос“ и повозрасен граѓанин згрижен во дом за стари лица.

Веднаш по нив, во периодот од 14 до 17 часот по локално време во две различни болници во Атина, вакцината ќе ја примат претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, потоа, грчкиот претседател Кирјакос Мицотакис, а ќе следат шефот на Комисијата на епидемиолози Сотирис Циодрас, претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, генералниот секретар на партијата МЕРА25 Јанис Варуфакис, претседателката на Националната комисија за вакцинација Мариа Теодориду, началникот на Генералштабот на грчката армија Константинос Флорос и митрополитот Јеротеос, како претставник на поглаварот на ГПЦ.

Утре, ќе се вакцинираат лидерот на СИРИЗА Алексис Циорас, министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас и генералниот секретар во министерството Мариос Темистоклеус.

Вакцината утре ќе биде доставена во болниците во грчките градови Лариса, Јанина, Патра и Солун за ден подоцна, да започне вакцинацијата на медицинскиот персонал и во овие болници.

Согласно планот на грчката Влада вчера процесот на вакцинација ќе биде во три фази.

Во првата фаза што започнува денеска ќе се вакцинираат здравствените работници, персоналот и згрижените во домовите за стари лица и оние кои се хронично болни, како и 45 државни функционери.

Во втората фаза во февруари 2021 година кога ќе биде достапен голем број вакцини, ќе се вакцинираат лицата над 70 годишна возраст, независно дали имаат здравствени проблеми, почнувајќи од оние што се над 85 години. Ќе следат и лица од 60 до 69 години, но и помладите со здравствени проблеми и под ризик од Ковид-19.

Последната фаза ги опфаќа сите граѓани над 18 години и е предвидена е за јуни следната година.

Со полициско обезбедување и во присуство на заменик- министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас, вчера наутро вакцините пристигнаа во магацините со специјалните фрижидери во Атина, откако во петокот вечерта во Грција од Бугарија преку граничниот премин „Промахонас“ влезе каминот со вакцините.

Во текот на следната седмица се очекува Грција да добие уште 83.850 дози од вакцината, а до крајот на јануари ќе бидат доставени 429.000 дози и 333.450 дози до крајот на февруари, а до крајот од првиот квартал од 2021 година, само од Фајзер/БиоНТек, се очекува земјата да добие 1.265.550 дози.

Вакцините ќе се чуваат во специјални фрижидери за длабоко замрзнување во пет простори за складирање на тајна локација, која ќе биде под 24-часовен надзор и обезбедување, а оттаму ќе се пренесуваат во центрите за вакцинација кои се вкупно 1.018 во цела Грција.

Министерството за дигитална политика на Грција веќе подготви специјална платформа за закажување термин за вакцинирање, која ќе биде отворена во јануари, а граѓаните откако ќе регистрираат преку платформа и ќе ги пополнат потребните податоци ќе добија порака со специјален код и термин за вакцинација.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната