Почна собирање на сметот во Грција

Од:

Грчките комунални работници синоќа почнаа да го собираат сметот, што изгни под сонцето во изминатите две недели, откако нивниот синдикат одлучи да го прекине штрајкот, јави дописникот на МИА од Атина.

Синдикатот на комуналците ПОЕ-ОТА одлучи да го прекине штрајкот поради сериозните закани по јавното здравје поврзани со топлотниот бран во земјата, а во меѓувреме се очекува Министерството за внатрешни работи денеска да издаде циркуларно писмо за локалните власти низ целата земја, врз основа на амандман кој Парламентот го одобри во средата, кој предвидува продолжување на краткорочните договори на работниците.

Останува нејасно како ќе реагира ПОЕ-ОТА ако општините вработат помалку од 6.150 луѓе од комуналните служби, колку што моментално има со краткорочни договори.

Во меѓувреме, договорните работници треба да го исчистат сметот од грчките улици. Според Јоргос Броулиас, заменик-градоначалник на Атина, ќе треба најмалку четири дена за да се собере целиот смет.

– Потоа ќе бидат потребни уште денови за делови од главниот град да бидат измиени со средства за чистење и средства за дезинфекција, изјави тој за „Катимерини“.

На комуналците им е наложено прво да го соберат сметот кој се распаѓа и шири непријатна миризба, а другите отпадоци како што се отфрлениот мебел и апаратите за домаќинство ќе останат за подоцна.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

A1on

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло