Почина српскиот актер Бранко Цвејиќ

Од:

На 75-годишна возраст во Белград почина актерот Бранко Цвејиќ. Цвејиќ бил итно хоспитализиран откако му се слошило на проба во театарот, а иако бил стабилен, бил во многу тешка состојба и, за жал, починал, пренесува Курир.

Роден е во Белград на 25 август 1946 година, а дипломирал во Петтата белградска гимназија во 1965 година и истата година се запишал на актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Белград. Заедно со целата нова генерација актери, на покана на Бојан Ступица, во мај 1967 година станува член на Југословенскиот драмски театар. Во матичната куќа одиграл преку педесет улоги.

Најмногу соработувал со режисерот Дејан Мијач, како актер, а подоцна и како продуцент на бројни претстави. Како гостин настапувал и на други театарски сцени, меѓу другите во театарот Звездара, театар во кој и самиот учествувал во основањето.

Играл во повеќе од 40 долгометражни играни филмови и оствари голем број важни улоги во телевизиски серии, филмови и драми. Ќе остане запаметен по улогата на Бане Бумбар во популарната серија Грлом у јагоде и како Листер во Породично благо, додека многумина го паметат и по улогите во продукциите Бела лаѓа, Синѓелиќи, Јагода у супермаркет, Биќе боље и други.

Би можело да ве интересира

Почина О. Џ. Симпсон

Горан Наумовски

Почина Слаѓана Милошевиќ

Катерина Ѓуровски

Почина Мирко Попов

Катерина Ѓуровски

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Почина креаторот на манга стрипот „Dragon Ball“

Почина бодибилдерот Мирко Петровски

Катерина Ѓуровски