Почина Кемал Монтено

Од:

Кантавторот Кемал Монтено почина денеска на 66-годишна возраст. Веста, неговиот син му ја соопштил на Халид Бешлиќ, големиот семеен пријател, објави Дневни Аваз.

Монтено долго се бореше со болеста. Во октомври минатата година, по три години чекање, му беше пресаден бубрег. Три години додека траеше неговата битка не потклекна. Секој ден велел: Одењето на дијализа, за мене е како одење на фитнес.

Малкумина знаат дека татко му бил Италијанец, а мајка му Босанка, но затоа цела поранешна Југославија ги потпевнуваше неговите шлагери.

Ќе останат запаметени неговите хитови: Душо моја, далеку, Една ноќ во декември.

И пееше на една Бранка, Со Даниела Мартиновиќ пееше дека не може натаму, но секогаш продолжуваше.

Познати се и неговите хитови: Се вратив животе, Сараево, љубов моја, Ниту во твоето срце, Земјо моја, Те сакам животе, какво што си, и многу други.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина