Почина Бујар Букоши

Од:

Бујар Букоши, кој беше премиер на косовската влада во егзил од 1991 до 1999 година, почина на 78-годишна возраст, објавува Коха.

Букоши тогаш беше пратеник и министер за здравство во институциите на Косово.

Тој беше лекар, уролог и универзитетски професор, роден во Сува Река. Основно училиште заврши во родниот град, а средно во Призрен. Дипломира на Медицинскиот факултет во Белград во 1971 година.

По специјализацијата во Белград, работи на Одделот за урологија на Универзитетскиот клинички центар на Косово. Во текот на 1980–1981 година, се обучува на Уролошката клиника Кемперхоф во Кобленц, Германија, додека во 1984–1985 година престојува на Уролошката клиника на Слободниот универзитет во Западен Берлин, каде што главно се занимава со уролошка онкологија и трансплантација на бубрези. Докторската дисертација ја одбрани во 1985 година на Медицинскиот факултет во Берлин.

Во 1979 година е избран за асистент, а во 1985 година е избран за доцент на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Приштина.

Беше активен учесник во политичкото движење за независност на Косово и еден од основачите на Демократската лига на Косово.

Би можело да ве интересира

Поплави во Косово – Курти тврди дека ситуацијата е под контрола

А1он

ВИДЕО: Поплави во Косово, блокирани патишта

Почина писателот, професор и преведувач Георги Сталев Поповски

Ненајдено почина долгогодишниот заменик на Сергеј Шојгу

Почина актерот Лазе Манасков

Катерина Ѓуровски

Три лица преку ноќ исчезнаа во Косово – полицијата детално истражува

Горан Наумовски