Кили ќе биде погребан во Еквадор

Од:

Актерот Кирил Поп Христов – Кили, кој почина вчера, ќе биде погребан во јужноамериканската држава Еквадор, каде што живееше изминатите околу 12 години, информираше неговото семејство.

„Кили ќе биде погребан во Еквадор. Ќе почива во Мангларалто, покрај океанот“, објави на социјалните мрежи неговата сопруга Гордана Деан Поп Христова – кореографка, професорка по современ танц и основач на балетското студио „Ребис“.

Таа информираше дека Кирил Поп Христов починал мирно, во сон, како последица на инфаркт.

Гордана и Кили, заедно со нивната ќерка Јоана, се преселија во Еквадор во 2014 година, каде што живееја и работеа изминатата деценија.

Би можело да ве интересира

Почина четиригодишниот син на пејачот Марјан Стојаноски

Почина Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм

Се истражува како почина брачен пар од Кина во стан во Скопје

Горан Наумовски

Почина Раиф Диздаревиќ

Почина норвешкиот крал Харалд

Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан