Плеврис: Кон средината на август може да бидат одобрени нови вакцини за сојот омикрон

Од:

Според информациите што ги имаме од компаниите е дека кон средината на август може да биде фазата на одобрување на вакцините кои се ажурирани за сојот омикрон, односно не само што штитат од тешко заболување, туку и од инфекција со омикрони, а малку подоцна ќе ги вклучат и варијантите четири и пет, кои сега доминираат, рече министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчкото радио „Скај 100,3“, јави дописничката на МИА од Атина.

Објасни дека токму поради новата, ажурирана вакцина која ќе заштитува и од омикрон, повеќето од нивните нарачки на вакцини ги префрлиле за кон крајот на есента.

Во однос на текот на пандемијата во земјата, министерот за здравство истакна дека во овој момент постои стабилизирање на новиот бран што зема замав во јуни и јули и оцени дека во следните седмици ќе има пад на бројот на заразени.

-Очекуваме дека од септември веројатно ќе има нов бран, исто како што досега функционираше пандемијата, но единствената разлика што ја имаме во споредба со претходниот период е што имаме имунизациска покриеност на населението и имаме антивирусни лекови за широка употреба, објасни Плеврис.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: СИПА се обиде да го приведе Додик во источно Сараево, се спротивстави полицијата на Српска

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора: „Добро се тресеше“

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик