Пленковиќ очекува зелено светло од Еврокомисијата за влез на Хрватска во Шенген

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Брисел изјави дека очекува сегашната Европска комисија до крајот на својот мандат да даде препорака за влез на Хрватска во Шенген зоната.

– Очекувам Колеџот на комесари да го прифати она што го предложија надлежните комесари, мислам пред сè на еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос, рече Пленковиќ, кој одржува серија состаноци со високи европски претставници во Брисел.

Европската комисија до средината на следниот месец на дневен ред би требало да ја стави проценката за подготвеноста на Хрватска за влез во Шенген-зоната. Претседателот на Евркомисијата Жан-Клод Јункер, за време на посетата на Загреб во јуни рече дека Комисијата ќе донесе позитивна препорака до крајот на мандатот, кој истекува на први ноември.

Пленковиќ додаде дека на почетокот на септември, Комисијата за Шенген веќе констатираше дека Хрватска ги исполнила сите осум единици поврзани со законодавството на Шенген.

– Направивме многу чекори и сега очекуваме Колеџот на комесари да го прифати кажаното на пониско ниво, рече Пленковиќ.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ