Пленковиќ: Не е време да се седи на две столчиња, Србија мора да избере страна

Од:

Сега не е време да се седи на две столчиња и Србија мора да избере страна, повика денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Тој ја коментираше откажаната посета на Белград од страна на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Според Пленковиќ, посетата „нема врска со Хрватска“ и тоа е работа на Москва и Белград. Но, тој нагласи дека Србија „во вакви околности мора добро да внимава која страна ја бира“.

– Доколку земјата има амбиции да се движи кон Европската Унија, мора да се знае каде е. Сега не е време да се седи на две столчиња, изјави Пленковиќ на прес-конференција, каде ги претстави мерките за ублажување на цените на енергентите.

Лавров требаше да отпатува за Белград, но, посетата е откажана откако Бугарија, Црна Гора, Северна Македонија, го затворија воздушниот простор.

Наместо да ја посети Србија, Лавров ќе одржи прес-конференција онлајн.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац