Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија

Од:

Неодамна објавената информација од порталот „Танго сикс“ дека српската армија има нова суперсонична квазибалистичка ракета од кинеско производство CM-400, со дострел од најмалку 250 километри, предизвика бројни реакции од официјален Загреб, а премиерот Андреј Пленковиќ вели дека ова е новина во арсеналот на српската армија и дека ќе го предупреди НАТО.

Пленковиќ ова го изјави во Пожега, коментирајќи дали претставува опасност за соседните земји

„Што се однесува до можностите на хрватската армија, сите овие години инвестиравме многу во неа. Хрватска е членка на НАТО и ги следиме процесите што се случуваат во Србија. Во секој случај, не очекуваме дека поседувањето на толку сериозно оружје во кој било сценарио би можело да доведе до негова употреба против соседните земји, Хрватска или која било друга“, рече Пленковиќ, пренесе ХРТ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јованиќ: ВБА бараат мигрант за кој постои сомневање дека го постави експлозивот во близина на гасовод во Кањижа

Горан Наумовски

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски

Пленковиќ: Пристигнува најголемата енергетска криза во поново време