Командантот на бунтовничката Курдска работничка партија (ПКК), Мурат Карајлан денеска ја исклучи можноста за прогласување едностран прекин на огнот и ја обвини турската Влада дека го „следи патот на војната за да освои повеќе гласови на изборите“.
Стотици лица беа убиени во речиси секојдневните судири меѓу ПКК и турските сили за безбедност во претежно курдскиот југоисточен дел на земјата, откако примирјето и напорите за постигнување траен мир пропаднаа во јули.
Анкара инстистира борците да го положат оружјето и да се вратат во камповите во северен Ирак, пред таа да ги прекине операциите и да ги обнови мировните преговори.
– Примирјето треба да биде взаемно. Искуството ни покажува дека позитивен тек на настаните не може да им се даде преку едностран прекин на огнот, изјави Карајлан.