Пијани мажи од Смедерево и се заканувале на мајка дека ќе и го убијат синот

Од:

По наредба на дежурен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Смедерево, на осомничените Д.П.(51) и А.Д.(44) им е одреден 48 часовен притвор поради постоење основи на сомнение дека на 10 март и се заканувале на мајката на оштетениот М.Ј дека ќе му нанесат физички повреди.

Осомничените се товарат дека околу 17 часот и 30 минути прво телефонски и се јавиле на мајката на жртвата М.Ј, упатувајќи повеќе навреди и пцовки, како и закани по животот и телото на нејзиниот син, кои закани ги повториле околу 22 часот и покрај предупредувањето на полициските службеници кои претходно извршиле разговор со осомничените со опомена да престанат со ваквото однесување.

По пријавување на повеќекратни закани, пријавените се донесени во просториите на полициската управа во Смедерево, извршено е алкотестирање, при што е утврдено присуство на алкохол во телото на осомничениот Д.П., 2,19 промили, а осомничениот А.Д. изнесува 1,37 промили, по што се приведени, а во законскиот рок ќе бидат изведени на распит кај јавен обвинител со кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Уште седум деца се примени на ВМА поради труење со алкохол

Горан Наумовски

12 деца од Белград пијани завршија во болница: Иследниците се сомневаат дека децата испиле шпиритус

Казнети 24 пијани возачи во Битола

Пијана Германка го промашила станот и си легнала во туѓ кревет, интервенирала полицијата

Катерина Ѓуровски

Американски пилоти во пијана состојба сакале да пилотираат од Глазгов до Њујорк

А1он