Пицула на чело на делегацијата на ЕП за односи меѓу БиХ и Косово

Од:

Хрватскиот европратеник од редовите на социјалдемократите Тонино Пицула е избран за претседател на делегацијата на Европскиот парламент за односите меѓу Босна и Херцеговина и Косово во следниот петгодишен мандат.

Заблагодарувајќи им се на колегите од ЕП за укажаната доверба, Пицула потсети дека БиХ и Косово се соочуваат со сериозни и тешки предизвици во своите амбиции да станат дел од Европската унија.

– Заедно со колегите од делегацијата ќе ги вложиме наше искуство, знаење и добрата волја за да им помогнеме во остварувањето на тие амбиции, порача Пицула.

Со конституирањето на делегацијата само еден ден по општите избори во БиХ, ЕП покажа одлучност и натаму интензивно да ја следи ситуацијата во БиХ и да и пружа помош, но исто така побара од новоизбраните функционери државата да тргне во насока на спроведување на одлучни реформи, кои ќе го обезбедат функционирањето на сите нивоа.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина