Петмина српски државјани се повредени во експлозија во Аспровалта

Од:

Петмина српски државјани се повредени во ужасна експлозија што се случи денес, околу 15 часот, во приватен сместувачки капацитет во Аспровалта.

Според неофицијални информации, 41-годишен маж се здобил со сериозни телесни повреди во форма на тешки изгореници.

Сите се однесени во болница со брза помош.

Се тврди дека експлодирала плинска боца, а истрагата е во тек, по што ќе бидат познати повеќе детали.

Силата на експлозијата ги откорнала решетките на прозорците, а ролетните излетале.

Четворица oд повредените наводно се здобиле со повреди во форма на исеченици од стаклото што се скршило во експлозијата, додека мажот (41) се здобил со тешки изгореници на неколку места по телото.

Полицијата го привела сопственикот на сместувачкиот капацитет, кој има 86 години.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Три лица се повредени во украински напад со беспилотно летало врз рускиот Саратовски регион

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Одаловиќ: Органи на Срби од Косово се продавани во странство

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски