Петков го осуди руското признавање на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск

Од:

Бугарскиот премиер Кирил Петков вечерва на својот профил на Твитер експресно ја осуди одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги признае Доњецк и Луганск како независни ентитети.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков напиша дека Бугарија продолжува да го поддржува територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

„Мора да се почитува меѓународното право“, напиша бугарскиот премиер и додаде дека Европската Унија ќе одговори обединето во својата одбрана.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Путин сака да ја ослабне Украина

Трамп: Зеленски и Путин се за крај на војната

Путин му рекол на Трамп дека сака да ја прекине воената разузнавачка помош за Украина

Бела куќа: Трамп и Путин се согласија дека војната треба да заврши со траен мир

Путин нареди 30-дневен прекин на нападите врз украинската енергетска инфраструктура

Заврши разговорот Трамп-Путин: Светот денес стана многу побезбедно место

Горан Наумовски