Папахристопулос: И да не постоеше ПЈРМ, ќе требаше да ја измислиме

Од:

Само добро може да и понуди на Грција соседната земја и да не постоеше, ќе требаше да ја измислиме, рече пратеникот од Независни Грци, Танасис Папахристопулос кој е со непроменет став во однос на Договорот од Преспа и индиректно, во неговиот говор во грчкиот Парламент, потврди дека ќе гласа за ратификацијата.

– Се смеат во Европа. Ви го кажувам тоа директно. Дали ПЈРМ е закана за Грција? Се смеат тие што го слушаат. Земја која, речиси нема војска и има 7 отсто од грчкиот БДП. Нејзината поделба ја сакаат за Голема Албанија и Голема Турција. Моето мислење е и да не постоеше ПЈРМ ќе требаше да ја измислиме. Само добро има да и понуди на земјата. А оваа Влада, која ја отфрли можноста за неактивност, има храброст, рече Папахристопулос.

Тој, во обраќањето порача дека не треба да се заборави дека „буквата „М“ во ПЈРМ значи Македонија, бидејќи некои се преправаат дека не го знаат или не го слушаат тоа“.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица