Пајат: Куфодинас е убиец, а не Робин Худ

Од:

Лидерот на терористичката организација „17 Ноември”, Димитрис Куфодинас е убиец, а не Робин Худ, изјави амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат за време на посетата на канцелариите на весникот „Пелопонез” во грчкиот град Патра, објави весникот на нивниот официјален сајт.

Резиденцијата на Пајат вчера беше на цел на напад на членовите на анархистичката група „Рубикон”, кои во знак на протест и за поддршка на Димитрис Куфодинас, фрлија бои на надворешните ѕидови на објектот.

Куфодинас, кој е осуден на 11 доживотни затворски казни, од 2 мај штрајкува со глад, поради тоа што не му е одобрена неколкудневна дозвола за излез од затвор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос