Пахор повторно побара да се зголемат овластувањата на армијата

Од:

Словенечкиот претседател, Борут Пахор, кој заедно со министерот за внатрешни работи, Алеш Хојс, и за одбрана, Матеј Тонин, беше во посета на јужната граница кон Хрватска, изјави дека треба повторно да се разгледа можноста од давањето поголеми овластувања на армијата со цел заштита на границата.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, првиот обид да се активира членот 37 од Законот за одбрана, со кој армијата ќе добиеше дополнителни овластувања, пропадна, откако немаше доволен број пратеници кои го поддржаа предлогот.

– Аргументите за активирање можеби не беа доволно убедливи. Во Собранието може доминира мислење дека Владата сака да ја искористи состојбата со епидемијата за други цели. Но, факт е дека и армијата се согласува да добие поголеми овластувања, изјави Пахор.

Целта на Владата е да ѝ даде на армијата поголеми овластувања со цел заштита на јужната граница, што е под притисок од нелегалната миграција, бидејќи полицијата се повлекува во внатрешноста на земјата поради спроведување на мерките за ограничување на движењето поради новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг