ВИДЕО: Отстранет споменикот на ОВПМБ во Прешево

Од:

Припадниците на Жандармеријата утрово околу 7 часот го отстранија споменикот на поранешните припадници на ОВПМБ од плоштадот пред зградата на општина Прешево, јави Танјуг.

Околу 200 припадници на Жандармеријата пристигнаа утрово на плоштадот, а потоа со багер е кренат споменикот и ставен во камион.

Српскиот премир и министер за внатрепни работи Ивица Дачиќ изјави дека по истекот на сите законски рокови, а по налог на Министерството за правда, припадниците на Жандармеријата го отстраниле нелегално поставениот споменик.

– Србија покажа доволно трпение, но и испрати јасен сигнал дека законот мора да се почитува и дека никој не е посилен од државата, рече Дачиќ.

Тој дополни дека акцијата е изведена без какви и да се инциденти и без употреба на сила.

Споменикот на припадниците на албанската ОВПМБ поставен е во ноември минатата година, а Владата на Србија соопшти дека мора да биде отстранет до 17 јануари, за кога беше закажана четвртата рунда преговори меѓу Белград и Приштина.

Споменикот не беше отстранет во предвидениот рок, а одборниците во Собранието на општина Прешево, по истекот на рокот ретроактивно усвоија предлог за негово поставување и најавија дека ќе ја комплетираат документацијата потребна за легализацијата на споменикот.

Најнов предлог за решавање на спорот дојде од здружението на ветерани на поранешната ОВПМБ тој споменик да биде преместен од центарот на градот во дворот на џамијата или Домот на културата во Прешево. Според косовските медиуми, предлогот дошол од Приштина и Тирана.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија