Османи: Србија не може да биде дел од НАТО

Од:

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека Србија не може да биде дел од НАТО, се додека ги нарушува вредностите на кои е изградена Алијансата.

Коментирајќи ја изјавата на американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, дека Србија „моментално е многу поблиску до НАТО отколку Косово“, Османи рече дека има само една земја која е подалеку од НАТО од Србија, а тоа е Русија.

„Има само една земја која е подалеку од НАТО од Србија, а тоа е Русија на Путин. Земја како Србија, која постојано ги крши главните вредности на кои стои НАТО, а тоа се заштита од авторитарни сили, заштита од земји кои ги крши основните правила на меѓународното право, како што е Србија, не само што е далеку од НАТО, туку не може ни да сонува дека еден ден ќе биде дел од НАТО“, рече Османи.

Би можело да ве интересира

Во Приштина средба на Пендаровски со косовската претседателка Османи-Садриу

ВИДЕО: Претседателката на Косово се спореди со холивудската барбика: „Оваа Барби е претседател“

Османи: Косово е успешно благодарение на САД

Османи: Реакциите во Северна Македонија на посетата на Курти се последица на недоразбирање кое бргу ќе се надмине

Османи потврди: Од Приштина е побарано одржување нови избори

Пендаровски-Османи: Заедничката иднина на С. Македонија и Косово во евроатлантските структури е влог во натамошна стабилизација на Западен Балкан

Ана Ололовска