Османи: Платениците на Вагнер подготвуваат напад врз албанскиот народ

Од:

Претседателката на Косово, Вјоса Османи денеска упати обвинение дека припадници на руската платеничка воена организација Вагнер „и помагаат на Србија да подготви потенцијален вооружен напад врз албанскиот народ на Косово“.

„Платениците од озлогласената руска група Вагнер соработуваат со српските паравоени формации за шверц на оружје и неозначени воени униформи во Косово. Тајната операција е дизајнирана со цел да се постават темелите за потенцијален хибриден напад од Србија на територијата на Косово“, тврди Османи во интервју за лондонскиот весник „Телеграф“.

Наводните подготовки на Србија се одвиваат „уште од руската анексија на Крим во 2014 година“, кога руски војници во неозначени униформи го подготвија патот за отцепување на Крим, вели Османи.

Според неа, „носат оружје и униформи, но формално не се дел од српската војска“, бидејќи, како што вели Османиева, Србија сака да ги постигне своите цели без да се нарече воена операција.

Би можело да ве интересира

Османи: Србија не може да биде дел од НАТО

Горан Наумовски

Во Приштина средба на Пендаровски со косовската претседателка Османи-Садриу

ВИДЕО: Претседателката на Косово се спореди со холивудската барбика: „Оваа Барби е претседател“

Османи: Косово е успешно благодарение на САД

Османи: Реакциите во Северна Македонија на посетата на Курти се последица на недоразбирање кое бргу ќе се надмине

Османи потврди: Од Приштина е побарано одржување нови избори