Османи: Отворен Балкан е во служба на хегемонистичките апетити на Србија

Од:

Косовската претседателка Вјоса Османи вели дека иницијативата за регионална соработка „Отворен Балкан“, која ја покренаа поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев, премиерот на Албанија, Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ претствува прекршување на Берлинскиот договор и Косово нема да стане дел од неа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за телевизијата АТВ, Османи рече дека „Отворен Балкан“ е „во служба на хегемонистичките апетити на Србија“ и претставува пречка во проесот на евроинтеграции на земјите од регионот.

– Ние не гледаме потреба од создавање некаква нова иницијатива, која фактички предизвикува доцнење во процесот на европските интеграции и не го третира Косово како рамноправна и суверена држава, затоа и немаме потреба да ги потхрануваме хегемонистичките апетити на Србија. Мислам дека оваа иницијатива е веќе пропадната. Косово нема да ѝ се приклучи, а ниту некои други држави од регионот, изјави Османи.

За неа е „несфатливо“ како албанскиот премиер Рама може да поддржи иницијатива во која се негира Косовската држава и во која водечка улога има српскиот претседател Вучиќ, кој „секојдневно работи на дестабилизацијата на Косово и на кршењето на неговиот суверенитет“.

– Јас не знам како Албанија би можела да прифати една иницијатива во која Косово нема да се третира како суверена држава и каде што водечка улога има Вучиќ, лидерот на една земја која секојдневно работи на дестабилизацијата на Косово и на кршењето на неговиот суверенитет, рече Османи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски