Османи: Косово е подготвено за дијалог, Србија го одолговлекува процесот

Од:

Косовската претседателка Вјоса Османи вели дека Србија се труди да го одолговлече процесот на дијалог меѓу двете држави, со цел да го претстави статусот на Косово како „незавршен процес“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во нејзиното обраќање пред новинарите по повод првата годишнина од стапувањето на должност на чело на државата, Османи порача дека косовските институции се подготвени за дијалог со Србија за нормализирање на односите меѓу двете држави, „секогаш кога ќе бидат повикани од Европската унија“, која посредува во преговорите.

– Косовските институции ја информираа ЕУ дека се подготвени да учествуваат во дијалогот, секогаш кога ќе бидат повикани од ЕУ. Никогаш откажувањето на дијалогот не било поради неприсуство на делегација од Косово. Јас можам да ја гарантирам волјата на Косово за ангажирање во меѓусебното признавање, но не можам да гарантирам како ќе се однесува Србија. Нивните однесувања покажуваат дека нивна цел е процесот на дијалог да се развлекува, изјави Османи.

Според косовската претседателка, „доколку се слушаа заканите од Србија, Косово никогаш немаше да се прогласи за независна и суверена држава“.

Меѓутоа, порача Османи, „Косово не ќе можат да го урнат никогаш, бидејќи тој процес веќе е завршен“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија