Ослободен босанскиот пратеник уапсен поради воени злосторства

Од:

Повеќе од девет часа по апсењето од страна на припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) во Сараево, пратеникот на Партијата за демократска акција (СДА) во Парламентот на БиХ Шемсудин Мехмедовиќ е ослободен, соопшти неговата адвокатка Сенка Ножица.

– СИПА ги достави материјалите и господинот Мехмедовиќ го изнесе пред државниот обвинител. Обвинителот му зема изјава во врска со истрагата која ја води против него, по што му рече дека е слободен и нема да предложи притвор. Доколку постапката продолжи, Мехмедовиќ ќе се брани од слобода и тоа е се што знаеме засега, истакна Ножица.

Таа нагласи дека не можело да му биде одреден притвор бидејќи обвинителството нема доволно докази.

Мехмедовиќ е уапсен во рамки на акцијата наречена „Озрен“, под сомнение дека е одговорен за извршени воени злосторства врз цивилно население, односно затворање и малтретирање на лица од српска националност во Станицата за јавна безбедност на Општина Тешањ од пролетта 1992 година до есента 1993 година.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина