Опозицијата во Република Српска се заканува со бојкот на Парламентот

Од:

Опозициските партии во Република Српска не ја исклучуваат можноста за бојкот на роботата на Народното собрание, најави денеска лидерот на Народното демократско движење (НДП), Драган Чавиќ. 

Како што јави Фена, Чавиќ нагласи дека доколку опозицијата се реши на таков чекор, тогаш сите нејзини активности ќе бидат насочени кон предизвикување предвремени претседателски и парламентарни избори во Република Српска.

– Со својата работа парламентарното мнозинство во Република Српска прави се за да дојдеме до таква ситуација, додаде Чавиќ.

Тоја нагласи дека со новиот Нацрт-закон за борба против корупцијата, организираниот криминал и најтешките форми на стопански криминал, власта се обидува да направи законска рамка за „прогон на политичките неистомисленици“. 

– Ако истиот законски текст остане и во форма на предлог-закон, тогаш чашата ќе се прелее, потенцира Чавиќ.

Блокот на опозициски партии во Република Српска, Сојузот за промени (СЗП) вчера побра од претседателот на српскиот ентитет во Босна и Херцеговина, Милорад Додик да поднесе оставка и да распише предвремени претседателски и парламентарни избори.

Опозицијата која веќе подолг период ги обвинува претседателот и Владата на Република Српска за криминал и корупција, смета дека Додик е „главен генератор на поделбите“ во српскиот ентитет.

Додик од своја страна ги отфрли барањата на опозиција да поднесе оставка, но најави дека е подготвен да распише предвремени избори за членови на Народното собрание на Република Српска, доколку во исто време се одржат и предвремени избори за пратеници во Претставничкиот дом на БиХ.  

Аналитичарите во БиХ проценуваат дека барањато за предвремени парламентарни избори на државно ниво е тактички потег на Додик, бидејќи шансите за такво сценарио се минимални.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина