Опциите на Голоб и Јанша водат на анкетите во Словенија за парламентарните избори во април

Од:

Движењето Слобода, политичка платформа водена од Роберт Голоб, ќе освои 18.8 отсто од гласовите, а Словенечката демократска партија на сегашниот премиер Јанез Јанша – 17.2 отсто на парламентарните избори закажани за 24 април. Ова се резултатите од новата анкета на љубљанскиот медиум „Дело“, според моменталното расположение на гласачите.

Потоа следуваат Социјалдемократите со 8.8 отсто, па Левица со 7.6 проценти. Се очекува во новиот парламентарен состав, свои застапници да имаат вкупно осум партии.

За демохристијанската Нова Словенија сега би гласале 4.8 отсто од анкетираните, за Листата на Марјан Шарец – 3.8, за Партијата на Аленка Братушек – 3.7, а за политичката платформа Да ја поврземе Словенија – 3.6 проценти.

Анкетата бележи пад кај оние лица кои сè уште немаат донесено одлука за кого ќе го дадат својот глас. Пред еден месец тие сочинуваа 17.5 проценти, а сега, 12.5 отсто.

Анкетирани се 705 лица, а истражувањето за словенечкиот медиум го спроведе агенцијата Медиана.

Според друга анкета, чии резултати се објавени во „Вечер“ и „Дневник“, работата на Владата на Јанша како успешна ја оцениле 36.3 отсто од граѓаните, а како неуспешна – 57.2, останатите не се определиле.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија