Опасни производи на босанскиот пазар

Од:

Агенцијата за контрола на пазарот на Босна и Херцеговина објави најнова листа на небезбедни производи во продажба, на која се наоѓаат 70 непрехранбени артикли, главно за деца.

На листата на небезбедни производи се најдоа играчки за деца, бебешки колички и креветчиња со потекло од Турција, Хрватска, Србија, Кина, Мексико, Полска, Данска, Чешка и Германија.

Станува збор за производи чија употреба предизвикува хемиски и ризици од пожар, струен удар, повреди и задушување, а можат да се најдат на пазарот низ цела БиХ.

Агенцијата заедно со инспекциските органи веќе четврта година спроведува акции за зајакната контрола на одредени непрехранбени потрошувачки производи и информирање на јавноста во земјата за најчестите ризици поврзани со вакви артикли.

На пазарот се нудат голем број евтини производи кои претставуваат опасност. Искуствата покажуваат дека при изработката на такви производи се штеди на материјали и тоа се одразува на нивната безбедност, бидејќи се користат недоволно цврсти, со несоодветен квалитет и лошо обработени материјали, нефлексибилни кабли.

Меѓу опасните производи оваа година се наоѓаат и запалки, рачни електрични дупчалки, моторни косилки, фенови за коса, сијалици за општа намена, продолжни кабли, очила за сонце, садови за готвење под притисок.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина