Околу 70 отсто од илегалните имигранти ја користат балканската рута

Од:

Околу 70 проценти од илегалните имигранти од Блискиот Исток и Централна Азија, на својот пат кон земјите од ЕУ ја користат копнената рута што минува низ земјите од западен Балкан, изјави српската министерка за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ.

Во изјава за српската државна телевизија РТС, Јоксимовиќ вели дека ЕУ ја препознала „балкансата рута“ како главен канал за прилив на илегални имигранти, па затоа во септември во Будимпешта ќе се одржи конференција на највисоко ниво на која треба да бидат утврдени јасни механизми за финансика поддршка на земјите од регионот.

Јоксимовиќ додаде дека досега за справување со проблемот со илегалната имиграција Србија од претпристапните фондови на ЕУ добила околу 2,5 милиони евра за потребите на Центарот за прифаќање на имигранти во Прешево и шест молиони евра за реадмисија на лицата кои се враќаат во Србија.

Според неа, ЕУ на Србија и одобрила им дополнителни „околу 2,5 до три милиони евра“ за зајакнување на контролата на нејзините граници, со цел да се спречи приливот на имигранти.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто