Oколу 40 отсто oд жителите на БиХ се емигранти

Од:

Босна и Херцеговина е земја со околу 1,5 милиони емигранти, кои претставуваат 38,9 отсто од вкупната популација, а тие големи човечки и финансиски ресурси претставуваат значителен потенцијал за развојот на земјата, кој не е искористен, соопшти швајцарската Амбасада во Сараево по повод потпишувањето на проектот во областа на миграцијата и развојот.

Амбасадата на Швајцарија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го потпишаа во Сараево договорoт за реализација на проектот во областа на миграцијата и развојот со цел да се зајакнат врските и да се олесни придонесот на дијаспората на БиХ во развојот на земјата во областите на стопанството, науката, образованието и културата.

– И покрај постоењето на толку голема емиграција и нејзините развојни ресурси, тие не се користат за развој на земјата поради недоволно развиената свест за нејзината улога во просперитетот на БиХ и слабата меѓуинституционална соработка, оцени швајцарската Амбасада.

Миграциските политики ќе бидат интегрирани во локалните развојни планови на десет општини – Јајце, Кључ, Лакташи, Љубушко, Маглај, Невесиње, Посушје, Приједор, Сански Мост и Велика Кладуша, кои имаат висок процент на иселени лица. Проектот ќе трае две години, а ќе го импелентира УНДП во соработка со Секторот за иселеништво на Министерството за човекови права и бегалци.

Владата на Швајцарија издвои околу 750 илјади евра за реализација на оовј проект.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина