Официјална Тирана се надева дека набрзо ЕК ќе ги укине визите за Косово

Од:

Официјална Тирана ја оцени како добра вест усвоената препорака на Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи (ЛИБЕ) на Европскиот парламент, за визна либерализација за граѓаните на Косово.

Албанскиот министерот за надворешни работи и за Европа, Дитмир Бушати е оптимист дека Европската комисија набрзо „ќе стави крај на изолацијата на Косово“.

– Очекувам Европската комисија, многу набрзо да донесе одлука околу ова прашање и ќе престане изолацијата на Косово, напиша Бушати на твитер.

Инаку, Комитетот со 30 гласа „за“ и 10 „против“ гласаше да почнат преговорите со Европскиот совет и со Европската комисија за вклучување на Косово во безвизен режим со ЕУ.

За да стапи во сила визната либерализација за Косово, по препорака на ЛИБЕ, таа мора да биде усвоена на пленарна седница на Европскиот парламент.

Доколку се добие просто мнозинство гласови во Европскиот парламент, предлогот за визна либерализација за Косово потоа ќе оди на гласање во Советот на министрите за внатрешни работи на ЕУ.

Кога Европскиот парламент и Советот на ЕУ ќе го усвојат овој предлог, што не се очекува пред крајот на годината, граѓаните од Косово ќе може да патуваат без визи до 90 дена во земјите потписнички на шенгенскиот договор.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина