„Одмарање во сенка“ нова спортска дисциплина во Црна Гора

Од:

Црногорците ќе се натпреваруваат во дисциплината „Лежење под сенка“.

Благодарение на сопствениците на етно селото „Црна Гора“ од местото Брежан, 33 километри од Никшиќ, сите неработници имаат одлична можност за заработка.

„Кој вели дека пари не може да се заработат со спиење. Последната седмица од јуни планираме натпревар во одмарање во сенка. Натпреварувачот кој ќе издржи најдолго, ке добие награда од 200 евра“, велат сопствениците на етно селото.

Правилата се едноставни. На натпреварувачите им е дозволено да јадат и да пијат, но не им е дозволено да го напуштат местото под сенката, дури и кога ќе имаат потреба од тоалет.
Оној што ке издржи најдолго да лежи на едно место е победник. За одморот да биде поудобен, организаторите обезбедиле и оркестар.

За натпреварот е избрана сенката на еден стогодишен јавор, а пријавувањето трае до крајот на јуни.Покрај паричната награда, најдобрите тројца го добиваат медалот наречен „Има леб и без мотика“.

Би можело да ве интересира

Подгорица оди на вонредни избори

Детали за голема меѓународна полициска акција во Црна Гора: Уапсени девет лица, поднесени кривични пријави против 19

Ѓукановиќ бил информиран дека му се подготвува атентат

A1on

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Почина Матија Шаркиќ, голман на фудбалската репрезентација на Црна Гора

Земјотрес во Црна Гора