Одбраната на Младиќ бара поништување на доживотната казна затвор

Од:

Поради влошената здравствена состојба, одбраната на поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ бара укинување на пресудата за доживотен затвор.

Младиќ во последниов период освен досегашните здравствени проблеми има и когнитивни нарушувања и благ степен на деменција. Одбраната тврди дека овие болести не му биле дијагностицирани во затворот во Хаг и не биле третирани како што треба.

Неговите адвокати бараат од Меѓународниот механизам, што ги презеде делата на Хашкиот трибунал, да ги испита активностите на официјалните лица и медицинскиот персонал во затворот. Адвокатите тврдат дека овие лица им забраниле пристап на одбраната до медицински документи, кои биле доказ во тешката состојба на Младиќ, не ја објасниле неопходната медицинска нега и не дозволиле затвореникот да го прегледаат независни лекари.

Младиќ беше осуден на доживотен затвор на 22 ноември минатата година за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на обичаите и законите на водење војна.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он