Од утре терминалите на аеродромот во Софија отворени и за оние кои ги пречекуваат и испраќаат патниците

Од:

Ограничувањата за пристап до двата терминали на луѓе кои не се патници или вработени ќе бидат укинати на 28 март 2022 година, соопштуваат од аеродромот во Софија.

Ограничувањата беа дел од мерките против коронавирусо. Според нив се бараше оние кои ги испраќаат патниците да се разделат со нив на влезот за поаѓање, а оние кои пречекуваат да чекаат на ограничено место или надвор од терминалите, што создаваше непријатности.

Барањата за носење маска, растојание меѓу луѓето, како и почитување на сите антиепидемиски мерки опишани во наредбите на министерството за здравство остануваат во сила до нивното укинување.

Аеродромот ги советува патниците да продолжат да ги следат антиепидемиските барања на земјата до и од која летаат, а доколку е потребно можат да ги користат услугите на двете лаборатории лоцирани на аеродромот, кои нудат и тестови за коронавирус.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година