Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Од:

На премиерот Христијан Мицкоски вчера му порачав дека треба да се намали „острината на изјавите“, пред се од македонска страна, бидејќи, како што знаете, Бугарија „ништо и не кажува“, изјави денеска шефот на бугарската техничка Влада, Димитар Главчев во Брисел, каде учествува на Самитот на ЕУ.

– Јазикот на омразата не треба да продолжи. Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета, рече Главчев.

Според него, иако нема промена на бугарската позиција, сепак е добро да се почне да се разговара за европските односи со добар европски тон, каков што треба да се користи меѓу држава членка и кандидат за членство во Европската Унија.

Запрашан на кој јазик разговарале со Мицкоски, Главчев одговори дека тој зборувал на бугарски, додека ќе треба да го прашаат македонскиот премиер „на кој јазик говори“.

Премиерот Мицкоски вчера во Брисел учествуваше на Самитот ЕУ-Западен Балкан заедно со лидерите на земјите членки на Унијата и на државите од регионот.

Би можело да ве интересира

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он

Уапсени две Бугарки во Крагуевац – крадеа паричници

А1он

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија