Од утре 14 дена задолжителен карантин за македонските државјани кои сакаат да влезат во Хрватска

Од:

Од вечерва на полноќ, македонските државјани кои сакаат да влезат во Хрватска ќе мораат да одат во задолжителен 14-дневен период на самоизолација, соопштија здравствените власти во оваа земја.

„Се утврдува посебен режим за влез во Хрватска за лицата кои доаѓаат од Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија. Тие лица ќе бидат должни да престојуваат во самоизолација 14 дена по влезот во Хрватска. Обврската за самоизолација не се применува на патниците кои поминуваат во транзит низ Хрватска,“ изјави шефот на Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска, Давор Божиновиќ.

Одлуката е донесена по зголемениот број на случаи на заболени од Ковид-19, за кои хрватските власти утврдиле дека се увезени од БиХ, Србија и Косово.

Заедно со оваа мерка, во Хрватска од утре е вратена и обврската за носење маски во јавниот превоз, по регистрирањето на 22 нови случаи на заразени со коронавирус.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон