Од полноќ за влез во Словенија задолжителен „ковид-пасош“

Од:

Со нова одлука на Владата на Словенија, од вечерва на полноќ, на сите патници кои сакаат да влезат во земјата, без оглед од каде доаѓаат, ќе им треба негативен тест за коронавирус, потврда за вакцинација или прележан Ковид-19 во последните шест месеци.

Поради бројните протести, словенечката влада донесе одлука за исклучоци – патниците во транзит и возачите во меѓународниот товарен транспорт.

Сепак, предлогот овој исклучок да важи и за работниците од Хрватска во земјата не беше усвоен, јави Хина.

Зелениот дигитален сертификат на ЕУ и еквивалентните сертификати од трети земји исто така ќе бидат прифатливи за влез во земјата, соопштија властите.

Словенија ги прифаќа вакцините на Фајзер, Модерна, АстраЗенека, Џонсон и Џонсон, како и руската „Спутник В“ и кинеските Синовак и Синофарм.

Патниците кои сакаат да влезат во земјата, а немаат ковид-потврда, ќе мораат да одат во десетдневен карантин, а странците без потврда и без место на престој во земјата, ќе можат да влезат само ако докажат дека имаат место каде ќе го поминат карантинот.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија