Од Хаг потврдија дека телото на Младиќ е пренесено во Србија и изразија солидарност со жртвите

Од:

Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови во Хаг соопшти дека посмртните останки на поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, му биле предадени на неговото семејство и пренесени во Србија.

Предавањето било извршено денеска околу 15 часот на аеродромот Ротердам – Хаг, во согласност со досегашната практика и правилата на Обединетите нации. Од Механизмот посочија дека семејството е единствено одговорно за враќањето и конечната дестинација на посмртните останки.

Во соопштението се наведува дека постапката била спроведена со почитување на меѓународното право и човековите права, како и во координација со семејството и дипломатските претставници.

Од Хашкиот механизам изразија солидарност со жртвите, преживеаните и нивните семејства, кои ги претрпеле злосторствата за кои Младиќ беше прогласен за виновен. Истовремено, остро ги осудија сите обиди за величање лица осудени од меѓународните судови за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид.

Младиќ почина на 27 август, на 84-годишна возраст, додека беше хоспитализиран во Хаг. Тој издржуваше доживотна затворска казна за геноцидот во Сребреница, прогонот и присилното преместување на населението, тероризирањето на цивилите за време на опсадата на Сараево и земањето припадници на мировните сили на ОН како заложници.

Комеморацијата за осудениот воен злосторник Ратко Младиќ ќе се одржи во сабота, 5 септември, во Домот на војската во Белград, додека погребот е закажан за понеделник, 7 септември, на Топчидерските гробишта.

Комеморацијата ќе започне во 12 часот во Домот на војската, на улицата „Браќа Југовиќ“. Во понеделник телото ќе биде изложено во црквата „Свети Лука“ на Видиковац, од 9 до 12:30 часот. Погребниот обред ќе започне во 12:35 часот, по што поворката ќе се упати кон Топчидерските гробишта, каде што ќе биде погребан.

Желба на Младиќ била да почива покрај својата ќерка Ана Младиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Со воени почести погребан воениот злосторник Младиќ, неговиот син низ солзи порача: Каде што дојде ти со војската, таму денеска има Срби

A1on

БиХ го повлекува персоналот од Амбасадата во Белград: Односите со Србија ги сведуваме на минимум

A1on

Денеска е погребот на Ратко Младиќ

А1он

Комеморација во Белград: Граѓани му оддаваа почит на Ратко Младиќ

Горан Наумовски

Дарко Младиќ: Татко ми пред мои очи беше убиен во Хаг!

А1он

(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ пречекано со воени почести, на погребот се очекуваат десетици илјади граѓани

A1on