Од Брисел се уште нема официјален пишан предлог

Од:

Србија до вторник треба да одговори на предлог-договорот со Приштина, но од Брисел се уште нема официјално писмо, објавија денеска белградските медиуми.

„Политика“ наведува дека преговарачкиот тим од Белград се уште не соопштил како изгледа последната понуда од високиот претставник на Европската унија Кетрин Ештон, додавајќи дека редакцијата имала увид во текстот кој делумно бил отпечатен, а делумно напишан на рака.

Весникот посочува дека Ештон ветила дека ќе испрати до преговарачкиот тим писмо со понуда на принципите на договорот Белград и Приштина, но се уште не стигнало.

„Новости“ наведува дека ако Србија од ЕУ не го добила предлог-договорот со Пришина, во кое би биле вклучени конкретните ингеренции на Заедницата на српски оппштини, Белград нема да испрати до Бриел формален одговор на устна понуда која веќе беше отфрлена на последната рунда“.

– Нашиот тим се уште не добил официјално писмо од ЕУ, а од Србија ултимативно се бара прифаќање на предлогот, кој во седиштето на ЕУсамо делумно му е прочитан на Ивица Дачиќ и Александар Вучиќ, посочува „Новости“.

Би можело да ве интересира

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ми“

А1он

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ