ОБСЕ бара надминување на кризата во Албанија преку дијалог без предуслови

Од:

Претседателот на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Џорџ Церетли изјави дека политичката криза во Албанија мора да се надмине со дијалог без предуслови со кој ќе бидат опфатени сите страни и побара од албанските политичари да покажат чувство за колективна одговорност.

– И покрај претходните препораки на ОБСЕ, сведоци сме на зголемени политички немири во Албанија, при што најновиот развој на настаните се заканува политичкиот спор да го претвори во уставна криза, изјави Церетели.

Според него, актуелната состојба во Албанија „бара од политичките актери да се ангажираат во сеопфатен дијалог без предуслови и да седнат на иста маса со добри намери“.

– Со дијалогот би требало да биде избегната ескалација на кризата и во исто време да се земе предвид и загриженоста на населението, нагласи Церетали.

Албанија е потресена од криза последниве месеци со континуираните протести на опозицијата, која го напушти Парламентот и најави бојкот на локалните избори предвидени за 30 јуни. Кризата дополнително ескалираше, откако албанскиот претседател Илир Мета го поништи указот за закажување на локалните избори, по што владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама започна постапка за разрешување од функцијата на шефот на државата.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност