Објавени се детали за киднапирањето на Кајмакоски во Белград

Од:

Познатиот пејач и победник на регионалниот „X Factor“, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран синоќа во близина на Бетон Хала во Белград во драматичен напад што ја крена на нозе српската полиција.

Според истрагата, двајца вооружени турски државјани го пресретнаа пејачот, го натераа да влезе во автомобил упатувајќи му смртни закани и се обидоа да изнудат огромна сума пари.

Драмата започна во доцните вечерни часови во близина на популарната Бетон Хала. Напаѓачите дејствуваа со молскавична брзина – штом Кајмакоски се приближи до своето возило, двајца мажи му вперија оружје во главата и му наредија да влезе во автомобилот.

Под постојана закана со оружје, напаѓачите го врзаа пејачот и тргнаа кон излезот од градот. За време на патувањето, му упатија застрашувачки закани, барајќи веднаш да им плати 20.000 евра во замена за слобода.

Полицијата набрзо доби дојава за сомнително движење на возило, а потерата кулминираше на автопатот во близина на Рума. Сфаќајќи дека патролите се зад нив, киднаперите брзо забрзаа, што доведе до губење на контролата врз автомобилот. Автомобилот на пејачот со голема брзина удрил во заштитната ограда. Во општиот хаос по несреќата, двајца турски државјани успеаа избегаат во блиската шума, искористувајќи ја темнината и непроодниот терен.

Полициските службеници кои први пристигнаана местото на несреќата затекнаа ужасна сцена. Даниел Кајмакоски бил врзан за седиштето, во состојба на тежок шок, но за среќа без повреди опасни по живот. Веднаш му е укажана медицинска помош, а набрзо на местото на настанот пристигнаа и специјални единици на Министерството за внатрешни работи.

Идентитетот на напаѓачите е познат на полицијата – станува збор за двајца турски државјани по кои е покрената итна потрага. Се сомнева дека се вооружени и многу опасни. Полицијата ги блокира сите клучни патишта во Срем, а во операцијата се вклучени кучиња трагачи и беспилотни летала.

„Сите расположиви сили се на терен. Се проверуваат граничните премини и сите објекти во близина на местото на бегството. Граѓаните се повикуваат да бидат претпазливи доколку забележат сомнителни лица што одговараат на описот“, вели извор од истрагата.

Даниел Кајмакоски моментално е на безбедно место, а истрагата треба да утврди дали пејачот бил случајна цел или напаѓачите го планирале овој брутален чин.

Би можело да ве интересира

Притвор за двајцата осомничени за грабнувањето кај Демир Капија

Горан Наумовски

Го киднапирале, го тепале и му се заканувале со убиство за да признае силување

Брутално киднапирање во Црна Гора: Однесоа маж на непозната локација, го мачеа, го претепаа па го сечеа

Горан Наумовски

Хорор сцена во Италија: Непознат човек се обиде да киднапира 18-месечно дете, родителите го спречија

Горан Наумовски

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

„Ве молиме вратете ни ја нашата мајка“ – ТВ водителка јавно им се обрати на киднаперите кои побараа милиони долари во криптовалути