Обид за Гинис: Најголема порција бегова чорба во светот

Од:

Првите состојки се ставени утрово во големо тенџере со што e официјализиран почетокот на соборување на Гинисовиот рекорд во правење најголема порција на бегова чорба во светот.

Одговорниот готвач е член на Здружението на готвачи на Босна и Херцеговина, Заим Мердан, а чорбата ќе се готви пред Домот на Вооружените сили на БиХ, пишува басанско-херцеговскиот портал Кликс.

Беговата чорба се готви во тенџере со дијаметар од два ипол метри и еден метар во висина, волумен 4.100 литри, што ќе обезбеди околу 15.000 порции кои во попладневните часови ќе се делат на граѓаните и гостите, а дел ќе се донира на народните кујни. Рекордот кој треба да се собори е 4.026 литри.

Рецептот за чорбата е 800 килограми пилешко месо, 150 килограми моркови, 50 килограми кромид, пет килограми бамии, 70 килограми брашно, 15 килограми магдонос, 75 литри масло, 15 килограми путер и пет килограми зачини.

Причината зошто е избрана беговата чора е тоа што сакаат да ја негуваат традиција на босанската кујна. Гаранција дека чорбата ќе биде квалитетно измерена дава Рол Вага од Кисељак, кои нивните експерти ги вклучува за да ги задоволат стандардите кои ги бара Гинис.

Соборување на рекордот е дел од програмата на најголемата готвачка манифестација во Европа, а тоа е Конференцијата на Здруженија на светските готвачки асоцијации која се одвива во Сараево.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина