НВО: Балканската рута се уште е активна, а ситуацијата е тешка

Од:

Балканската бегалска рута се уште е активна, оценија претставниците на повеќе невладини организации, кои учествуваа на денешната конференција во Виена, насловена „Балканската рута – Патот кон европската солидарност“.

Учесниците на собирот заклучија дека ситуацијата со бегалците на Балканот се уште е многу проблематична.

Во обраќањето на конференцијата поранешниот австриски европратеник Ханес Свобода предложи формирање на фонд за бегалци.

Тој наведе дека во тој фонд сите земји членки на ЕУ би требало да уплаќаат средства за поддршка на државите кои примаат голем број бегалци.

– Тоа може да послужи како поттик за прием на бегалци, констатираше Свобода.

Тој исто така, побара и воспоставување на легални рути за бегалците.

– Се додека немаме легални рути, преминувањето секогаш ќе биде илегално, што е лошо за бегалците, како и за погодените земји, додаде Свобода.

Тој се заложи и за поголема европска солидарност, додавајќи дека земјите од западен Балкан и Грција се најслабите делови од Европа, поради што Унијата треба да се грижи за бегалците и луѓето во сиромашните држави.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он