Нуланд: Потребни се итни реформи во правосудниот систем на Албанија

Од:

Помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, попладнево од Скопје допатува во Тирана. Во тамките на неколку часовниот престој во албанската метропола таа оствари средби со шефот на државата, Бујар Нишани, премеирот Еди Рама и лидерот на опозициските демнократи Љуљзим Баша, на кои главна тема биле реформите во павосудството.

Како што јави дописникот на МИА од Тирана, Нуланд посетата ја заокружи со средба со новинарите на која таа изјави дека добила ветување и силни гаранции дека целосно ќе се ангажираат за да го забрзаат процесот на реформи во правосудството.

– Овие ангажирања сакаме да ги видиме што побрзо, рече Нуланд, додавајќи дека албанскиот народ долго чекал за „една чиста правда“ и оти со тоа ќе се придонесе да се донесе промена која ја бараат сите, а за тоа потребна е соработка на сите политички сили.

Во врска со лустрацијата, Нуланд оцени дека треба да се направат силни законски измени за да се спречат партиите да кандидираат лица со криминално минато.

Таа високо ја оцени ангажираноста на Албанија во борбата против екстремизмот, додавајќи дека „ Албанија е лидер во целиот регион со нејзините напори против екстремизмот“.

Во Албанија престојува и Претседателот на европскиот парламент, Мартин Шулц, кој веќе оствари средба со премиерот Еди Рама, по која Рама најави дека реформите во правосуството почнуваат на есен, бидејќи како што порача Шулц, тоа е одличивачки во напорите на земјата за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ